Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја пречекуваат екипата на Висла Плоцк во рамките на 11.коло од Лигата на шампионите.
На клупата на домашната екипа ќе биде Слевче Алушовски кој во паузата се врати на чело на тимот од Битола и ќе дебитира со својата екипа во елитното натпреварување. Алошовски во разговор во нашата програма зборуваше за средбата која го очекува неговиот тим:
„Секој натпревар е нова приказна, се обидуваме од грешките да учиме и да вметнуваме нови работи и да се подобруваме. Во Битола нашата екипа никогаш не била во подредена улога и секогаш играме на победа, така ќе биде и на овој натпревар со Висла од Полска. Го анализиравме противникот играат многу агресивна одбрана со добра транзиција имаат исклучителни поединци и се екипа која веќе 7-8 години се гради и оваа година имаа навистина фантастични резултати во ЛШ. Доколку успееме д аго контролираме нивното темпо, добро се враќаме во одбрана и ги намалиме техничките грешки, надополнето со борбена игра, може д асе надеваме на позитивен резултат од овој натпревар“ рече Стевче Алушовски, тренерот на Еурофарм Пелистер во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ.
Еурофарм Пелистер ќе го пречека полскиот тим Висла Плоцк во салата „Боро Чурлески“ утре (четврток 19 февруари) во 20:45 часот.

