Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар со фуриозно второ полувреме до победа над Мелсунген
    Ракомет

    Вардар со фуриозно второ полувреме до победа над Мелсунген

    sasoBy saso24/02/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар со фуриозна игра во вториот дел од мечот дојдоа до победа над Мелсунген од 37:33 во второто коло од втората фаза на ЕХФ Европската лига. Вечерва во Скопје видовме две различни полувремиња и две лица на „црвено-црните“.

    Во првиот дел хаотичен Вардар кој му дозволи на противникот да се размавне и да замине на пауза со 18:19, иако во добар дел од полувремето Германците имаа и по 6 гола предност. Во вториот дел работите си дојдоа на место, публиката грмна од трибините, Вардар се врати во водство и до крајот не дозволи нов пад.

    Малус со 10 и Воркапиќ со 9 гола го предводеа Вардар до победата, додека Стефансон со 12 гола беше лидер кај германскиот состав. Вардар со оваа победа е на делба на второто место во групата со екипата на Бенфика, додека Мелсунген останува лидер со два бода повеќе.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.