Новиот селектор на нашите кошаркари, Жозеп Мариа Берокал, одреди 12. кошаркари кои ќе играат против Луксембург во третото коло од групата „А“ во претквалификациите за пласман на Евро-баскетот 2029.
На списокот се: Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.
Мечот со Луксембург ќе го одиграме на 27 февруари во салата во „Градски парк“ во Скопје со почетокот во 18.00 часот.

