Кошаркарот на Жалгирис, Силвен Франциско, вели дека има многу понуди но, дека нема намера да го напушти литванскиот состав.
„Без разлика што ќе се случи јас сум фокусиран. Секако, има многу понуди но, сè е под моја контрола. Ги оставам тие прашања на агентот и целосно се насочувам на кошарката“ – рече Франциско.
28-годишниот плејмејкер во тековнава сезона во Евро-лигата има просек од 17,1 кош и 6,6 асистенции. Тој треба да одработи уште една година од договорот со литванскиот клуб.

