Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денеска го продолжува својот настап во претквалификациите за Европското првенство.
Македонскиот национален тим ќе го одигра четвртиот натпревар од групната фаза, а за противник ја има селекцијата на Азербејџан.
Македонија со три победи во исто толку натпревари е лидер во А групата. Азербејџан со гостинската победа над Република Ирска ги зголеми амбициите во трката за едно од двете места што водат во понатамошниот тек од квалификациите.
На првиот меч во Скопје, Македонија славеше убедливо со 87:49 (38 разлика). Затоа јасно е зошто нашите репрезентативци важат за фаворит во денешниот натпревар.
На првата средба во Скопје Андреј Јакимовски беше нашиот најефикасен играч со 25 поени, додена Зекири постигна 17, а Војдан СТојановски 16 поени. Сепак улогата на фаворит ќе треба да ја потврдат во натпреварот што ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Баку, а ќе почне од 17 часот.

