Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Чупиќ: „Вардар секогаш оди на победа, мечот со Бенфика во моментов е најважен“
    Ракомет

    Чупиќ: „Вардар секогаш оди на победа, мечот со Бенфика во моментов е најважен“

    risteBy riste02/03/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар утре ќе ја пречекаат Бенфика во клучен меч од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. „Црвено-црните“ се борат за место во плеј-офот, а позитивен резултат против Бенфика ќе биде многу важен. На денешнета прес-конференција пред натпреварот зборуваше тренерот на тимот Иван Чупиќ. 

    „Две работи се во игра, првата е дека играме дома и се надеваме дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер. Се надевам дека ќе оставиме добра слика, а ќе запишеме победа и ќе ја исполниме целта да ја минеме главната фаза. Втората работа е, како тим по првата лоша презентација на цел тим, сега мора да одиграме реванш и да го покажеме вистинското лице. Да се покажеме во подобро лице од првиот натпревар во Лисабон. Треба да имаме повеќе мотивација за овој натпревар, бидејќи Бенфика е еден од ретките тимови кои успеаја да не победат. Треба да имаме чувство дека сме останале должни кон нашиот клуб, нашите навивачи и на луѓето кои ќе дојдат во сала да заминат со убаво чувство. Главната цел на Вардар е титула секоја година, па така и сега. Разликата од лани и претходно што не освоија не значи дека целите не беа исти. Секогаш гледаме кон повисоко ниво, целта е кон сите титули. Нема да калкулираме со ништо, не дека имаме самодоверба и мислиме дека сме најдобри“, рече тренерот на Вардар.

    Меѓу другото, Иван Чупиќ се осврна и на повредениот Јака Малус. Словенечкиот бек не тренирал вчера, а ќе биде поштеден и денес.

    „Јака Малус вчера не тренираше со нас, имаше прегледи. Денес исто нема да тренира, а ќе видиме утре дали може да биде дел од тимот за утрешната средба. Останатите сите се здрави и тренираат. Со Јака или без него, за утре имам тешка задача да тргнам шест играчи од тимот. Како и да е, мора да најдеме лек, нешто повеќе од себе за да ја добиеме Бенфика“, изјави Чупиќ.

    Вардар ќе ја дочека Бенфика во вторник во терминот од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.