Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ се врати во Хрватска. По две шампионски титули во 2023 и 2024 година, Мекиќ повторно е играч на хрватскиот состав.
Тој се враќа во дресот на Задар од екипата на Бор од Косово со која го раскина договорот неодамна.
Мекиќ добро го познава тимот, играјќи и со дел од денешните кошаркари на хрватскиот состав. Како што објавија од клубот, тој потпишал договор со Задар до крајот на сезоната.

