Кошаркарскиот стратег, Светислав Пешиќ, уште еднаш посочи на системските проблеми во квалификациите за големите турнири.
Главниот тренер на Баерн, кој претходно ја предводеше Србија до сребро на Светското првенство и бронза на Олимписките игри, истакна дека квалификациите биле негово најголемо достигнување.
„Мојот најголем успех не беа медалите, туку фактот што воопшто се квалификувавме. Дури и не знаете кој ќе игра. Имавме среќа во тоа време“ – забележа Пешиќ.

