Тренерот на кошаркарите на Хјустон, Име Удока, се осврна на убедливиот пораз од Сан Антонио во меч од НБА лигата.
Тој вели дека неговиот тим има доволно талентирани играчи за да се натпреварува за првите места во Западната конференција. Хјустон е на четвртото место со ефект од 39-24.
„Имаме талент, нема сомнение за тоа. Недостасува идентитет, цврстина и карактер. Ќе видиме дали можеме да го вратиме тоа до крајот на сезоната“ – рече тренерот на Хјустон.

