Ракометарите на Вардар го прегазија Мелсунген на гости во Германија со 25:34 и обезбедија директен пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европската лига. Вардар одигра уште еден одличен европски меч, овој пат за првото место во својата група 3. Со пласманот во четвртфиналето, „црвено-црните“ ќе играат со подобриот од мечот меѓу Монеплје и Елверум во битката за полуфинале.
Вечерва Вардар доминираше во Касел во секоја смисла. Одигра меч во кој домашните ракометари предводени од Парондо во ниту еден момент не успеаја да направат резултатски пресврт, а подоцна ниту да влезат во резултатски егал. Да Силва постигна шест гола, исто колку и Воркапиќ, додека стрелец на пет гола беше Боно.
од своите навивачи чија песна ечеше постојано.

