Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Адебајо испиша историја во НБА лигата, постигна 83 поени на еден натпревар
    NBA

    Адебајо испиша историја во НБА лигата, постигна 83 поени на еден натпревар

    risteBy riste11/03/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарот на Мајами хит, Бам Адебајо, имаше неверојатна вечер во НБА лигата во која го оствари вториот најголем поентерски ефект во историјата на ова натпреварување.

    Адебајо во натпреварот на својот Мајами против Вашингтон, кој заврши со резултат 150:129, постигна неверојатни 83 поени.

    Со тоа Адебајо го надмина рекордот на Коби Брајант од 2006 година, кога легендарниот бек постигна 81 поен на еден натпревар, а пред него на вечната листа останува само легендарниот Вилт Чембрлен, кој во 1962 година постигна 100 поени.

    Уште од самиот почеток на мечот беше јасно дека Адебајо е расположен за игра и поентирање. По четвртини постигна 31, 12, 19 и на крајот 21 поен во четвртата четвртина.

    Во овој натпревар Адебајо од игра шутираше 20/43, а изведе неверојатни 43 слободни фрлања, од кои реализираше 36 поени. За три поени шутираше 7 од 22 обиди.

    Победникот беше решен уште во средината на третата четвртина, кога Мајами дојде до предност поголема од 20 поени, а до крајот на натпреварот се играше практично само за Адебајо да го зголеми својот поентерски ефект.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.