Лука Дончиќ синоќа го одигра својот натпревар со најмногу поени за Лејкерси.
Ѕвездата на оваа екипа , Лука Дончиќ, постигна 51 поен во победата од 142:130 над Чикаго Булс, достигнувајќи над 50 поени за прв пат во дресот на тимот од Калифорнија.
За 37 минути, Словенецот шутираше 17 од 31 од поле, вклучувајќи 9 од 14 за 2 поени и 8 од 9 од линијата за слободни фрлања. Тој исто така имаше 10 скока, 9 асистенции и 3 украдени топки, со 1 изгубена топка.
Претходно во историјата на ЛА Лејкерси, само Коби Брајант и Остин Ривс успеаја да постигнат повеќе од 50 поени, повеќе од 10 скока, повеќе од 5 асистенции и повеќе од 5 тројки во еден натпревар од регуларната сезона.

