Екипите на ГРК Охрид и Алкалоид одиграа без победник 27:27 во првото дерби од оваа плејоф рунда во Суперлигата.
Супер драматично и тензично беше соочувањето во салата „Билјанини извори“, а на крајот двата тима остварија резултат кој најмалку го посакуваа.
Се играше цврсто, борбено од почеток до самиот крај, двата состави имаа добри и лоши моменти, имаа можност да водат, но и да бркаат негатива и на крајот се дојде до реми што значи две од трите битки на Охрид и Алкалоид во тековнава сезона завршија без победник (24:24, 28:24).
Најдобар играч кај домаќините беше Дарко Ѓукиќ со осум гола, додека на другата страна Никола Костески имаше шест реализации.

