Ракометарите на Вардар го совладаа Пелистер со 27:22 и направија голем чекор кон титулата во домашниот шампионат.
Во исполнетата сала – „Боро Чурлевски“, составот на „црвено-црните“ одигра одлично во последните осум минути на мечот и сосема заслужено ги однесе бодовите. Јака Малус беше прв стрелец кај гостите со осум голови пред Милан Лазаревски со седум. Во домашниот табор Дејан Манасков, Андреј Видомски, Рудолф Хакбарт и Филип Кузмановски дадоа по три гола.
На табелата Вардар е лидер со 46 бодови пред Еурофарм Пелистер и Охрид кои имаат по 40. Алкалоид досега собра 36 бодови, Тиквеш 24 а Бутел има 22.

