Поранешниот кошаркар на Индијана, Мајлс Тарнер, се осврна на ангажманот на центарот, Ивица Зубац, во системот на Пејсерси.
„Тешко е да се процени сè уште. Со Тајрис ви треба простор да дејствувате. Со Зу, ситуацијата е малку поразлична иако е добар плејмејкер и додавач, тој игра повеќе под кошот“ – рече Тарнер.
„Сè уште не знам како тоа ќе влијае на распоредувањето на играчите во системот на Рик Карлајл. Ќе мора да почекаме и да видиме“ – рече центарот на Милвоки.

