Машката ракометна македонска репрезентација денеска го имаше и официјалниот собир во пресрет на ЕХФ неделата, која што нашиот национален тим ќе ја искористи за да одигра пријателски меч на гости против Австрија.
Дуелот се игра на 21 март, и е одлична можност за Лазаров уште еднаш да одработи добар дуел во кој ќе испроба нови варијатни, тактики и можни комбинации.
„Треба да бидеме задоволни затоа што со настапот на Европското првенство го избегнавме првиот бараж, така ќе имаме шанса порекалсирано да пробаме нешто и некои нови играчи кои во иднина би можеле да придонесат. Австрија е квалитетен противник, секако дека нема да одиме да изгубиме, сакаме да победиме, но резултатот нема да е во прв план, ќе пробаме работи што можеби би ги користеле во баражот“, изјави пред новинарите Лазаров.

