Кошаркарот, Вејд Болдвин, потпиша нов договор со Фенербахче кој го врзува за турскиот клуб до 2028 година.
Американецот го продолжил договорот со подобрени финансиски услови. Болдвин му се придружи на бранителот на тронот во Евролигата во 2024 година.
Тој во сезонава има одличен просек од 14,4 поени, 5,7 асистенции и 3,3 скока.

