Нашата ракометна репрезентација денеска замина за Брегенц, Австрија, каде утревечер ќе има можност да одигра контролен натпревар против домашната репрезентација.
Селекторот, Кирил Лазаров за ЕХФ-неделата повика 20 ракометари. За овие мини-подготовки одлучи да ги одмори Никола Митревски и Жарко Пешевски, а поради повреди ги нема Игор Ѓоргиев и Мартин Серафимов. Во составот се врати Милан Лазаревски, кој после долгата пауза е во одлична форма, тоа го покажува во дресот на Вардар 1961.
Контролата со Австрија е тест пред бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година.

