Репрезентацијата на Србија со убедлива игра ја совлада Литванија во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2027, потврдувајќи ја фаворитската улога пред домашната публика во Ниш.
Покрај случувањата на теренот, натпреварот донесе и посебна приказна надвор од него, во која свое место имаше и екипата на Спортското радио од Скопје.
Нашата екипа беше примена пред натпреварот во базата на српската репрезентација – хотелот во Ниш каде што беа сместени ракометарите. Во пријателска и опуштена атмосфера следуваа средби и разговори со дел од репрезентативците.
Посебно време за дружење одвоија Мијајло Марсениќ, Драган Ѓукиќ, Воркапиќ, Милосављев, Чупара и Борзаш.

Првиот разговор беше реализирано со Марсениќ, кој се наврати на периодот кога настапуваше за РК Вардар, со кој ја освои европската титула, но и зборуваше за очекувањата со српската репрезентација во овој квалификациски циклус.
Најсилен впечаток остави разговорот со селекторот Раул Гонзалез – поранешен тренер на Вардар и освојувач на двете европски титули во 2017 и 2019 година.

Во градот беа присутни и добро познатите ракометни вљубеници – популарноте Ждаре и Ласте, луѓе кои редовно се дел од големите натпревари и кои и овојпат беа заедно со познати имиња од српскиот ракомет.
Победата на Србија беше убедлива, но ова гостување уште еднаш покажа дека ракометот во регионот значи многу повеќе од резултат – тоа е заедништво, почит и долгорочни спортски врски.

