Македонската ракометна репрезентација ќе ја има Словачка за ривал на патот кон пласман на Светското првенство 2027 година. Украина имаше отворен пат кон баражот, водеше убедливо на денешниот реванш на гостински терен (имаше предност и од шест гола), на крајот Словаците се вратија во егал и загубија минимално, 31-32. Првата средба Словачка ја доби со три гола разлика (27-24).
Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци ќе се борат за десетото учество на Мундијалите, осмо по ред. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на гостински терен во Словачка (13/14 мај), додека реваншот се игра во Скопје (16/17 мај).

