Тренерот на Партизан, Жоан Пењароја, изјави дека Црвена Звезда заслужила да победи но, тој е горд на пристапот и карактерот на неговите кошаркари.
„Играа подобро од нас. Горд сум што мојот тим се натпреваруваше до крајот, сакаа да победат. Тоа го покажува нашиот карактер – рече Пењароја на прес-конференцијата.
„ Беше јасно дека имавме проблеми во одбраната. Тешко е да се победи на гостински терен. Вечерва беа подобри во нападот“ – рече тренерот на „црно-белите“ кои ја прекинаа серијата од 14 последователни победи во АБА лигата.

