Денеска беа одредени полуфиналните двојки за завршниот Ф4 турнир во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција кој ќе биде реализиран во Струмица.
Вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер се разминаа откако „црвено-црните“ го добија за противник Алкалоид (20 часот) додека Битолчани ќе излезат на мегдан со Охрид од 17.00 часот.
Полуфиналните пресметки ќе бидат одиграни на 17 април а големото финале на 19-ти. Пехарот ќе го брани Вардар.

