Младинците на Еурофарм Пелистер до 18 години забележаа победа над дански Алборг од 24:23 на турнирот во Пореч и ќе играат финале за место на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите во Келн.
Во полуфиналниот дуел младите ракометари на битолчани одиграа борбен натпревар и до самиот крај водеа вистинска битка со скандинавската школа за триумфот.
Најдобар стрелец кај „пелистерци“ беше Андреј Георгиев со 12 гола, пред Јован Симоновски со шест гола. Во второто полуфинале од 14:00 часот ќе играат Загреб и Фуксе Берлин, а победниците утре ќе се борат за пласман на завршниот турнир.

