Koшаркарот на Орландо, Паоло Банчеро, вели дека би сакал да игра заедно со ѕвездата на Торонто, Скоти Барнс.
„Тој е тип на човек со кого би било одлично да се игра само врз основа на неговите придонеси. Не е фокусиран на постигнување кошеви. Секогаш се обидува да најде соиграчи и врши притисок низ целиот терен.“ – рече Банчеро.
„Според мене, тој отсекогаш бил играч кој остава огромно влијание врз тоа што го прави за тимот. Тој е едноставно победнички играч“ – нагласи кошаркарот на Орландо.

