Белорускиот ракометен клуб Мешков Брест, објави, дека на 51-годишна возраст почина поранешниот тренер и спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров.
Тој извесен период беше дел од раководната гарнитура а повремено седеше и на клупата на машката и женската екипа на „црвено-црните“. Кокшаров беше дел и од експедицијата која во два наврата ја покори Европа во 2017 и 2019 година.
Кокшаров беше и селектор на ракометарите на Русија а го водеше и женскиот тим на Ростов Дон пред да замине во Мешков Брест.

