Доминик Мате е второто засилување на ГРК Охрид за наредната сезона. Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. Доминик игра на позицијата десен бек и ќе го носи дресот со бр. 23 следната сезона.
Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Пред тоа настапуваше и за големите ПСЖ и Киелце, како и унгарскиот Балатон.
Има одлични настапи и еден од носителите на унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства.
„Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања” – изјави Мате.

