Поранешниот капитен на ракометниот состав Вардар и воедно екс-репрезентативец на Македонија, Стојанче Стоилов, утре треба да биде промовиран на кормилото на Бутел.
Тој доаѓа на местото на Горан Кузмановски кој ќе оди во меѓународните води. Стоилов кој е дел од стручниот штаб на селекторот, Кире Лазаров, сега ќе работи како главен тренер во македонскиот суперлигаш.
Прославениот пикер по завршувањето на кариерата беше дел од тренерскиот погон на „црвено-црните“ а го водеше тимот и на два дерби меча со Еурофарм Пелистер.

