Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, се насочи кон мечевите со Реал Мадрид и Апоел Тел Авив во Евролигата.
„Мислам дека нема сомнение дека сите ја знаат важноста на претстојниот натпревар и можностите на нашиот противник. Тие имаат една од најдобрите одбрани“ – рече Барцокас за шпанскиот тим.
„Да се биде на клупата на тим како Олимпијакос е многу тешко, но, ми се допаѓа. 300 натпревари се многу во Евролигата“ – потенцираше тренерот на грчкиот состав.

