Првата ѕвезда на Сан Антонио, Виктор Вембањама, не го заврши мечот против Филаделфија поради модринка на реброто.
Центарот во втората четвртина имаше дуел со Пол Џорџ, по што замина во соблекувалната. Тој по кратко време се врати на паркетот но, не можеше да издржи и реши да се повлече.
Вембањама до тој миг имаше 17 кошеви, 5 скокови и три блокади. Французинот има реализирано 63 средби Во сезонава.

