Тренерот на кошаркарите на Далас, Џејсон Кид, верува дека поранешниот член на тимот Лука Дончиќ, може да конкурира за наградата најкорисен играч во НБА.
Интернационалецот од Словенија кој сега го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс, има одиграно 64 мечеви или еден помалку од предвидената норма за да може да биде ставен на списокот за МВП.
„Штета. Не само за Лука, туку и за другите момци кои се наоѓаат во слична ситуација. Лука има сезона од калибарот на МВП. Затоа, се надевам дека лигата ќе ги разгледа сите такви случаи и ќе се погрижи ниту еден играч да не биде изоставен од листата“ – рече Кид.

