Во крајно драматичен натпревар, ракометарите на ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер на гости во Битола со 27:26 и му направија голема услуга на лидерот Вардар во трката за шампионската титула. Охриѓани ја потврдија одличната форма од ЕХФ Европскиот куп каде се пласираа во полуфиналето и успеаја да нанижат голема победа и во Суперлигата.
За битолчани денешниот пораз практично ги остава скоро без шанси за одбрана на титулата. Стрмљан со 5 гола од исто толку обиди го предводеше Охрид до победата, додека со шест гола кај Е. Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков.

