Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, се осврна на поразот од Реал Мадрид. Тоа беше петтиот последователен за турскиот тим во Евро-лигата.
„Мислам дека посветеноста беше навистина добра. Сепак, не си ја завршивме работата во многу моменти а противникот наоѓаше добри решенија“ –рече Литванецот.
Фенербахче кој во последнаста рунда ќе игра со Вилербан, сега се спушти на четвртото место на табелата со ефект од 23 победи и 14 порази.

