Екипата на Вардар 1961 која е лидер на табелата во шампионатот на Македонија го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак. Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци од германскиот гигант Кил.
Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години.

Абделхак во својата кариера првите чекори ги направи во Ал-Ахли од Египет, а потоа направи трансфер во Европа и заигра за француски Ним. Потоа добрата форма во Франција му донесе и трансфер во Кил, а и таму го докажа својот потенцијал.
Вардар добива засилување на позицијата десен бек со веќе завидно искуство за својата возраст.

