Кошаркарите на ТФТ и вторпат ја поразија Сутјеска, вечерва со 90:77 и успеаја да се пласираат во големото финале од АБА 2 лигата. Момците предводени од тренерот Боро Смилковски покажаа дека се во извонредна форма, па и против едне од главните фаворити одигра уште еден фантастичен меч и не дозволија да гледаме „мајсторка“ во ова полуфинале.
Дејвис со 23 поени ги предводеше нашите претставници во ова јадранско натпреварување до новата победа, но одлично издание повторно имаа и Ташовски со 19, Гордон со 17 и Говенс со 17 поени. Оваа четворка го понесе товарот на овој меч и успеа да го лансира ТФТ во главната битка за пласман во АБА лигата следната сезона.
Во финалната серија ТФТ за противник ќе го има тимот на Широки кој со 2-0 беше подобар од Домжале.

