Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар ја доби драмата против Охрид и дојде до нов трофеј во Купот на Македонија
    Ракомет

    Вардар ја доби драмата против Охрид и дојде до нов трофеј во Купот на Македонија

    risteBy riste19/04/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар 1961 го освоија осумнаесеттиот трофеј во Купот на Македонија, откако гп понедија Охрид во драматична завршница со 24:23 (13:12). Финалниот натпреварот во салата „Парк“ во Струмица беше вистинско дрби како што можеше да се посака, многу борба до последните секунди, а вардарци имаа повеќе нерви кога беше најпотребно.

    Вардар одлично го отвори натпреварот и водеше во поголемиот дел од првото полувреме, со 6:2 и 7:3 , но Охрид успеа да фати приклучок и да израмни во 29.минута на 12:12. Сепак Вардар успеа да постигне гол во финишот и на одмор да замине со предност од 13:12.

    Во вториот дел се играше гол за гол, се до моментот кога Охрид не напрваи серија и да дојде до предност од 20:17. Сепак Вардар ја надмина кризата и дојде до израмнување со голот на Малус на 21:21.

    Драмата продолжи до самиот крај Вардар имаше предност од еден гол и напад, но не постигна гол, а на тоа со последен напад одговорија ракометарите на Охрид кој во последните секунди се обидоа со цепелин да го завршат натпреварот и да дојдат до израмнување, но голманот Валах го спречи тој шут и не дозволи дополнителни возбудувања и пенали. На крај натпреварот заврши во корист на Вардар од 24:23.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.