По одржувањето на техничкиот состанот , одредени се термините за настап на нашите репрезентациии на Светското првенство во училишен ракомет.
Машката кадетска репрезентација која ќе ја предводи Горан Кузманоски своите натпревари ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, прво против Бугарија, па против Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија.
22 април
Македонија – Бугарија (10:30 часот)
23 април
Грузија – Македонија (08:30 часот)
24 април
Република Српска – Македонија (10:30 часот)
26 април
Саудиска Арабија – Македонија (12:30 часот)

Согласно системот на натпреварување првопласираните селекции од четирите групи одат во полуфиналето.
Што се однесува до девојките на Даниела Новеска, натпреварите ќе се одиграат во Гази Баба во салата „Крсте Мисирков“, а противници се Белгија, Грузија и Словачка.
Во женска конкуренција по две првопласирани селекции одат во четвртфиналето.
Женската кадетска репрезентација на Македонија своите натпревари ќе ги одигра во салата „Крсте Мисирков“ – Петровец, според следниот распоред:
22 април
Белгија – Македонија (10:30 часот)
23 април
Грузија – Македонија (10:30 часот)
24 април
Македонија – Словачка (10:30 часот)

Натпреварите на ова Светско првенство ќе се играат во спортските сали:
Кочо Рацин – Петровец
Крсте Мисирков – Ченто
Македонско Сонце – Пролет
Македонски Херои – ФФК
Архиепископ Доситеј – Кисел Вода
Антон Димитров – Бутел

