РК Еурофарм Пелистер денеска и официјално ја потврди информацијата за промената на тренерското место во тимот. Како што објавија битолчани, по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифатил и му се заблагодарил на Алушовски за професионалната работа.
До крајот на сезоната, Еурофарм Пелистер ќе биде предводен од асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

