Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет. Нашите ракометарки денеска ја запишаа втората победа, откако ја совладаа Грузија со 45:13 (22:9).
Одлично прво полувреме одиграа нашите ракометарки кои уште од почетокот најавија дека ќе одат на нова убедлива победа, а имаа и голема поддршка од трибините на исполнетата сала “Крсте Мисирков”. На одморот се замина со предност на Македонија од 22:9, а на стартот на второт дел Македонија веќе имаше уште поголема предност која само гарантираше убедлива победа која на крај ги донесе конечните 45:13.

Утре, нашите кадетки ќе играат против Словачка за првото место во групата, мечот е закажан со почеток во 10:30 часот.

