Тренерот на кошаркарите на Валенсија, Педро Мартинез, кој беше прогласен за најдобар во Евро-лигата, го коментираше тоа достигнување.
„Не го гледам како индивидуална награда. Морам да им се заблагодарам на моите асистенти, на играчите и на клубот“ – рече Мартинез.
Валенсија под негово водство одигра одлично во регуларниот дел од сезоната во Евролигата и го освои второто место.

