По кратко боледување, почина познатиот спортски работник Љупчо Јаневски.
Тој во последниот период ја имаше улогата на делегат-контролор во македонскиот ракомет откако долги години беше и реномиран судија.
Јаневски беше препознатлив по неговата професионалност и посветеност на ракометот и често пати беше дел од големите дерби мечеви во домашниот шампионат.

