По кадетките и машката кадетска репрезентација на Македонија ќе игра во финалето на Светското училишно првенство во ракомет. Избраниците на Горан Кузманоски се пласираа во финалето, откако славеа со 30-19 против селекцијата на Србија.
За противник во битката за првото место кадетите ќе го имаат подобриот од Израел и Хрватска, меч кој се игра во 14:30 часот.
Клучната разлика нашите ракометари ја направија по само пет минути игра во второто полувреме, кога поведоа со 19-10.

