Македонските кадетски репрезентации во женска и машка конкуренција денеска играат за златниот медал на Светското ракометно првенство во училишен спорт кое се одржува во Скопје. Во изминатите денови и двете наши репрезентации во женска и машка конкуренција демонстрираа одлична игра на сите натпревари и со победи го заслужија местото во финалето.
Женската репрезентација од 14 часот игра против репрезентацијата на Хрватска, додека машката селекција од 16 часот за противник ја има репрезентацијата на Израел на патот кон златото.

Во двете наши селекции владее голем оптимизам и желба да и донесат на Македонија злато и во двете конкуренции, а секако дека за тоа нема да биде лесно, затоа ќе им биде потребна и поддршка од трибините во СЦ „Јане Сандански“ (голема сала) каде се играат финалните натпревари.

Влезот за посетителите е бесплатен и може да дојдат да им дадат поддршка на нашите две селекции кои го заслужуваат тоа со своите игри покажани во изминатите денови на ова СП во ракомет за училишен спорт.

