Кошаркарот на Хјустон Рокетс , Џабари Смит, даде моќна изјава в пресрет на петтиот натпревар од серијата против Лејкерс нагласувајќи ја нивната супериорност врз противникот.
„Очигледно сме посилни како тим. Мислам дека сме подобри во секој поглед. Можете да кажете дека тоа е само мое мислење или дека сум пристрасен но, навистина мислам дека сме посилни“ – рече 22-годишникот.
Зборовите на Смит се малку изненадувачки ако се земе в предвид дека неговиот тим е пред елиминација бидејќи Лејкерс води со 3-1.

