Koшаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, доби комплименти од легендарниот Шекил О’Нил откако неговиот тим го елиминираше Портланд со 4-1 во плеј-офот во НБА лигата.
„Мислам дека Вемби е првиот совршен висок играч што некогаш сме го имале. Може да шутира, може да игра одбрана, може да игра напад, тој е одличен тимски играч. Среќен сум за него.“ – рече прославениот кошаркар.
„Обично не ми се допаѓа начинот на кој играат високите кошаркари денес. Но, ми се допаѓа неговиот стил, тој е совршен“ – сподели О’Нил.

