Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за престојниот бараж натпревар за светското првенство IHF Men’s World Championship 2027 во Германија, против репрезентацијата на Словачка.
На списокот на селекторот Лазаров се најдоа 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на овој двомеч со Словачка. Меѓу повиканите има тројца „странци“, тоа се голманот Мартин Томовски од Германија, бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија, а останатите се од домашното првенство.

Македонија најнапред ќе гостува во Прешов кај Словачка на 13 мај, а потоа на домашен терен во Скопје на 17 мај ќе го одигра реванш бараж натпревар за пласман на следното СП.

