Ракометарите на Охрид се пласираа во историско финале на ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во вистинска спортска драма, на пенали, го елиминираа словенечки Целје. Откако во регуларниот дел Охрид се избори за минимална победа од 25:24, следуваше пенал-рулетот, каде домашните славеа со 4:3 и успеаја да дојдат до големото финале.
Во финалето претходно место обезбеди Филип Талески и неговиот Татабања, што значи дек Охрид пред себе сега ќе има голема унгарска пречка до европскиот пехар.
Во преполната сала “Билјанини извори” се одигра неизвесен натпревар, беше вистинска драма решена по изведување на пенали. На крајот со 9 постигнати гола Јасихура беше лидер за Охрид, додека Периќ постигна исто толку голови за гостите.
Честитки за охриѓани кои покажаа дека се извонреден состав подготвен за големи успеси!

