Лидерот на Детроит, Кејд Канингем, се осврна на победата против Орландо со 4-3 и пласманот во наредната фаза во НБА лигата.
„Тие нè доведоа до крајни граници и тоа нè натера навистина да размислиме како играме и зошто победивме на толку многу натпревари во регуларната сезона“ – рече Канингем.
Детроит иако губеше со 3-1 во серијата, успеа да направи голем пресврт и да остане на курсот кон титулата. Сега противник ќе му биде составот на Кливленд.

