Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Голем скандал во Холандија, дали ќе биде поништено првенството?
    Фудбал

    Голем скандал во Холандија, дали ќе биде поништено првенството?

    risteBy riste04/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Скандал избувна во холандскиот фудбал откако се дозна дека резултатите од 133 натпревари во највисоката лига Ередивизие би можеле да бидат прогласени за неважечки, објави „The Athletic“.

    Истрагата откри дека на голем број фудбалери кои сакале да го променат своето спортско државјанство и да играат за репрезентациите на земји како Индонезија и Суринам им е доделено соодветното државјанство. Сепак, со овој потег, тие автоматски го изгубиле своето холандско државјанство, бидејќи двојното државјанство е забрането со закон.

    Ова значи дека играчите за кои станува збор повеќе не се државјани на Европската Унија и морале да добијат посебни дозволи за работа во Холандија, како и да бидат регистрирани по соодветен редослед кај фудбалските клубови и федерацијата.

    Подоцна се дозна дека фудбалерите без потребната документација учествувале во десетици натпревари. Резултатите од околу 133 натпревари, во кои повеќе од 25 играчи биле користени со нерегуларен статус, се под знак прашалник.

    Првиот официјален протест веќе е поднесен. НАЦ Бреда бара повторување на нивниот натпревар и пораз од 6:0 од Го Ахед Иглс. На натпреварот настапи дефанзивецот Дин Џејмс, кој неодамна стана индонезиски државјанин, што значи дека автоматски го изгуби холандското државјанство и му беше потребна работна дозвола за да игра.

    Според „Атлетик“, се очекува судот во Утрехт да донесе одлука за случајот во понеделник и тоа би можело да биде пресвртница. Доколку НАЦ Бреда го добие случајот, се очекува наплив на жалби од други клубови, што потенцијално ќе доведе до хаос во лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.