Кошаркарот на Минесота, Мајк Конли, по триумфот против Сан Антонио, го пофали ѕвездениот бек Ентони Едвардс, кој брзо ја санираше повредата на коленото.
„Пред натпреварот, го нареков мој херој. Ентони е некој на кого треба да се угледаме поради сè што помина во текот на изминатата недела за да се подготви за првиот натпревар“ – рече ветеранот.
„Никој не очекуваше тој да биде на теренот. Неговото ниво на посветеност на играта покажува колку почит има кон нас“ – рече Конли.

