Ракометарите на Вардар 1961 му одржаа ракометна лекција на Монпелје на вечерашниот реванш од четвртфиналето на Лига Европа, но победата од 27:24 не беше доволна да се избори пласман на завршниот турнир во Хамбург.
„Црвено-црните“ минатата седмица се соочија со многу пехови и загубија со дури десет разлика, па вечерашниот меч беше огромен предизвик да се дојде до резултат кој води во наредната фаза.
Избраниците на Чупиќ го добија првиот дел со 17:12, во второто полувреме во неколку наврати имаа и плус седум, меѓутоа Монплеје не дозволи да се влезе во драма во СЦ „Јане Сандански“ намали дел од негативата и потоа го исконтролира мечот до самиот крај.
Малус со шест гола беше прв стрелец кај вардарци за кои голманот Валах имаше 18 одбрани.
На завршниот турнир одат уште екипите на Кил, Мелсунген и Флензбург.

